Македонското друштво „Илинден“-Тирана денеска одбележува 15 години од формирањето, чија мисија е заштита и афирмација на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет на македонско национално малцинство во Република Албанија.
-На денешен ден 2009 година македонско друштво „Илинден“-Тирана е регистрирано во Основниот суд во Тирана. Со оглед на фактот што интересот за работата на друштвото постојано растеше, а македонските жители во Голо Брдо и Елбасан активно се вклучија во неговата работа, беше предизвик за отворање негови ограноци. Така, од 15 октомври 2012 година свој огранок имаме за областа Голо Брдо, чии активности се насочени кон заштита на интересите, културата и традицијата на македонското национално малцинство во oбласта Голо Брдо, рече Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.
Додава дека во 2021 година, назначен е и координатор на друштвото за округот Елбасан а имајќи ја предвид потребата да се контактира со институциите во татковината, прес сѐ „заради поддршка на значајни проекти за Македонците во Република Албанија, во 2020 година бил именуван генерален координатор на за татковината Македонија“.
Посочува дека долгогодишната членство на друштвото во Федералната унија на европските националности, ФУЕН и други меѓународни организации неопходно било назначување на меѓународен координатор, што било реализирано во 2023 година.
– За периодот од петнаесет години остваривме безброј средби со многу државни институции во извршната и локална власт, а соработката ја проширивме со невладиниот сектор, во земјата и странство. Како членка на ФУЕН од 16 мај 2015 година и дел од работната група на словенските малцинства наши членови досега учестуваа на сите конгреси и поднесуваа резолуции, што придонесува да бидеме рамноправен член и силен глас на македонското национално малцинство, нагласува Ѓурѓај.
При сите реализирани средби со албанските и македонските државни претставници, како и европските институции ја користеле секоја прилика да разменат мислења за важни прашања за унапредувањето на положбата и правата на македонското национално малцинство во Република Албанија.
-Иако не секогаш наоѓаме заедничко или задоволително решение за одреден проблем, сепак должна благодарност искажувам на сите државни институции во Албанија, Македонија и низ светот. Ја користам оваа прилика да упатам добронамерна критика до Владата на Република Албанија и до надлежните министерства и организации да посветат посебно внимание и позитивно да одговорат на нашето барање за настава на мајчин македонски јазик за децата во областите Голо Брдо и Гора, и насекаде каде има значителен број Македонци, рече Ѓурѓај.
Во оваа прилика го повторува барањето до албанската влада да изврши промена на „штетната територијална организација на локалната самоуправа и да ги прифати општини Голо Брдо и Гора каде живеат Македонци“, а од владите на двете земји, 24-часовна работа на граничниот премин Требиште – Џепиште, кој областа Голо Брдо ја поврзува со Дебар, што е потребен за да може луѓето полесно да комуницираат од двете страни албанско-македонската граница.
-По повод 15-годишнината од постоењето на Македонското друштво “Илинден”-Тирана сакам да ги повикувам сите државни институции како и сите политички партии и невладиниот сектор во Албанија и Македонија да дадат поддршка на Македонците во Република Албанија, да дават поддршка во континунитет за решавање на проблемите што се сочуваат, посакува првиот човек на друштвото Никола Ѓурѓај.
Од особено значење за информирањето за активностите на друштвото секако е постоењето на македонски весникот „Илинден“ кој покрај печатеното има и електронско издание.
Фото: МД „Илинден“-Тирана