Со ново име се испечатени некаде отприлика 525.000 возачки дозволи, тоа се активни возачки дозволи, кои не се дуплираат. Со старото име во важност се 272.000 возачки дозволи. Тоа се важечки возачки дозволи кои не се обновени со новото име и сега со законските измени за безбедност во сообраќајот тие ќе важат до 31.12.2024 година“, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
„350.000 налепници кои се дистрибуирани до станиците за технички преглед“, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во вечерашната Топ Тема на ТВ Телма.
На прашањето дали тоа ќе бидат фрлени пари или ќе се промени Правилникот од 2019, изменет во 2020 и 2023 година, според кој министер за внатрешни работи не смее, ниту да дистрибуира, ниту да лепите налепници НМК, Тошковски одговори дека службите во МВР моментално изработуваат нов правилник.
„Се надевам ќе донесат до крајот на емисијата ќе биде готов и веднаш потпишан. Известен е и директорот на Службен весник, овој правилник ќе биде сменет,“ истакна Тошковски.