Урсула фон дер Лајен денеска на состанокот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) во Берлин ќе соопшти дека планира да се кандидира за втор мандат како претседателка на Европската комисија, пишува Гардијан.
Шефицата на најмоќната институција во Брисел изминатава година не сакаше да го коментира ова прашање, но се чини дека сега донела одлука, коментира весникот.
Но објавувањето на нејзината кандидатура за следните пет години ќе биде само првиот чекор во изборната битка, а се шпекулира дека кандидат за претседателската функција би можела да биде и естонската премиерка Каја Калас.
Откако Фон дер Лајен ќе ја добие номинацијата од ЦДУ, таа мора да добие и поддршка од другите две партии во рамките на Европската народна партија (ЕПП), централнодесничарската група во Европскиот парламент, во која се вклучени и владејачките партии во Грција, Ирска, Литванија и Шведска.
Сепак, се ќе зависи најмногу од изборите за Европскиот парламент на почетокот на јуни, кога составот на парламентот ќе покаже кој ќе има најмногу шанси за функцијата претседател на Европската комисија, како и други водечки позиции во институциите на Европската Унија.
фото: архива