Собранието денеска треба да одржи продолженија на три пленарни седници – 138-та 140-та и 145-та.
Во рамки на 145-та седница, пратениците ќе дискутираат по Законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, во трето читање, четирите предлог-закони за стратешки инвестициски проекти „Соларен парк Стипион“, AIM GREEN TECH, МИТИЛИНЕОС когенеративна постројка Скопје, соларна електрична централа Пехчево, сите по скратена постапка.
На оваа седница се и Предлогот законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Рамковниот договор за заем кој ќе се склучи меѓу Банката за развој при Советот на Европа и Развојната банка на Македонија АД Скопје за програмски заем за Развојната банка на Македонија АД Скопје за креирање работни места во микро, мали и средни претпријатија, предложените измени и дополнувања на Законот за земјоделското земјиште и на Законот за фитофармација, сите по скратена постапка, Предлог на законот за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење, и двата на прво читање, и Предлог на Националната развојна стратегија 2024 – 2044.
На дневен ред на 138-та седница се и петте закони за реформи во јавната администрација – Предлог на законот за стручно усовршување и обука на административните службеници, Предлог на законот за безбедност на мрежни и информациски системи и дигитална трансформација, Предлог на законот за административни службеници, Предлог на законот за вработените во јавниот сектор, Предлог на законот за изменување и дополнување на законот за електронско управување и електронски услуги, сите по скратена постапка, Предлог на законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за дополнително финансирање на проектот за надградба и развој на патишта, кој ќе се склучи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка и Јавното претпријатие за државни патишта, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за платежни услуги и платни системи, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за управување со отпадот, сите по скратена постапка.
Пратениците во рамки на 140-та седница ќе дискутираат по предлог законите за изменување на Законот за судска служба и на Законот за јавнообвинителска служба, Предлог законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за регионална гасификација, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Акционерското друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост, предложените измени и дополнувања на Законот за Македонската академија за науките и уметностите, на Законот за здравствената заштита, на Законот за извршување и на Законот за правосудниот испит, како и Предлог на законот за основање на Медицински факултет во состав на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола, во прво читање.
Фото: МИА Архива