Претседателот на Титовите леви сили Слободан Угриновски почина синоќа, а веста ја својот Фејсбук профил ја објави неговиот син, Никола Угриновски.
Сојузот на Титови леви сили е македонска вонпарламентарна комунистичка политичка партија основана на 26 октомври 2005 година. Партијата се раководи според идеологијата на Јосип Броз – Тито, а нејзин претседател беше Слободан Угриновски.
На парламентарните избори во 2006 и 2008, Титовите леви сили настапија самостојно и освоија околу 3 000 гласови, недоволни за влез во Собранието. На локалните избори во 2009 Угриновски стана советник во советот на град Скопје, но бил лустриран како соработник на југословенските тајни служби за време на неговиот мандат.
Поради несогласување со одлуката на СДСМ за бојкот на локалните избори во 2013, Сојузот на Титови леви сили ја напуштил коалицијата.
На изборите во 2014 ја поддржаа ГРОМ, новоформираната партија на Стевче Јакимовски. Партијата влезе во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ за парламентарните избори во 2016, но не освоила пратеничко место.
Погребот ќе биде на градските гробишта Бутел утре во 14 часот и 30 минути.