Украинската војска започнала масовен напад на т.н. Доњецка Народна Република, пренел дописникот на РИА Новости од лице место.
Тоа е ударна вест вечерва кај сите српски медиуми.
Како што е пренесено, нападот започнал околу 22 и 30 часот по локално време од различно оружје, со вклучена тешка артилерија.
Претходно е соопштено дека украинските бродови кои утрото навлегле во руски територијални води на Црното Море се вратиле назад откако биле пресретнати од руската војска.
Според РТС пак, трите украински бродови биле запленети од страна Русија откако сакале преку Кречкиот премин да влезат во Азовското Море. Тие биле спречени така што преминот бил блокиран од голем руски товарен брод. По ова, Русија кренала во воздух два авиони СУ 25.
По ова, Киев почнал да ја разгледува можноста за воведување воена состојба. Бил свикан Советот за национална безедност и одбрана за да се разгледа тоа прашње, изјавил секретарот на Советот, Александар Турчинов.
„Предлагам да одржиме седница за да воведеме режим на воена состојба“, рекол тој на брифинг со украинските медиуми.
Седницата на Советот било планирана да се одржи на полноќ по локално време.