Собранискиот спикер Талат Џафери за попладне во 17 часот закажа пленарна седница на која пратенциите треба да се изјаснат за препораката на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања за одземање на имунитетот на Никола Груевски, на барање на судот поради одредување мерка притвор за предмети што ги води СЈО.
Одлуката за одземање на имунитетот се носи со просто мнозинство од вкупниот број пратеници.
Комисијата денеска со пет гласа „за“ ги усвои шесте барања од судот за одземање на имунитетот на Груевски, кој доби политички азил во Унгарија. На седницата не присуствуваше ниту еден пратеник од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.