Лажна тревога внесе паника во најголемата американска воена болница во Вашингтон каде агенти кои подготвувале воена вежба по грешка објавиле дека „вооружен напаѓач“ влегол во зградата на болницата.

Полицијата од округот Монтгомери во Мериленд соопшти дека примиле барање за помош од воената болница Волтер Рид во Бетесди во северозападниот дел од Вашингтон, поради присустност на вооружено лице. Сите излези од зградата биле затворени, а порака за тревога е испратена на сите во  болницата каде бил и демократскиот пратеник Дач Рупесбергер која на Твитер објавил дека е на „безбедно во конференциска сала со уште 40 луѓе“.

Но, набрзо почнале да кружат противречни информации, а портпаролка на Пентагон соопшти дека станува збор за „вежба“.

Американската морнарица која управува со болницата, соопшти подоцна дека станува збор за грешка во подготовка за идна вежба.

Според нив, погрешно бил употребен системот за тревога/

– За време на подготовка за идна воена вежба, системот за тревога случајно бил вклучен, без зборот „вежба“ и „подготовка“ што предизвикало реакција на безбедносните служби, соопшти морнарицата.