Марго Роби и нејзините партнери од продуцентската куќа „ЛакиЧап“, Том Акерли и Џози Мекнамара работат на долгометражен филм заснован на играта „Монопол“, потврди „Варајети“.
Hasbro Entertainment, сопственици на Monopoly, ќе го продуцира филмот заедно со LuckyChap.
Monopoly е друштвена игра чија цел е да собере што повеќе пари со купување на разни имоти. Студиото Lionsgate, кое ги поседува филмските права на играта, изјави дека Monopoly е најпопуларната игра во светот. Играта е достапна во повеќе од сто земји, а од нејзиното создавање во 1935 година, продадена е половина милијарда копии.
Адам Фогелсон од Lionsgate ја потврди веста за претстојниот филм и соработката со LuckyChap на CinemaCon, која моментално се одржува во Лас Вегас.
„Тие се исклучителни продуценти кои внимателно ги избираат своите проекти и доаѓаат во Monopoly со јасна визија. Ние сме исклучително возбудени што ќе работиме со целиот тим во LuckyChap на она што веруваме дека ќе биде нивниот следен блокбастер“, рече Фогелсон.
Продуцентската куќа LuckyChap работеше на филмовите I, Tonya, Promising Young Woman и Barbie. По успехот на минатогодишниот хит Барби, кој заработи повеќе од милијарда долари, тие станаа една од најбараните продукциски куќи во Холивуд.