Според информациите на телевизијата Клан Македонија, Грујевски бил пуштен откако лица од грчката амбасада во Хрватска го посетиле и побарале негово итно ослободување, бидејќи Грујевски има азил во Грција.

Поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски, кој беше обвинет во судскиот процес за масовното незаконско прислушување „Таргет-Тврдина“, а по кого македонските власти имаат распишано меѓународна потерница, вчера бил уапсен, па ослободен во Хрватска, објави телевизијата Клан.

Според информациите на телевизијата, тој бил пуштен откако лица од грчката амбасада во Хрватска го посетиле и побарале негово итно ослободување, бидејќи Грујевски има азил во Грција.