Се среќавам со многу луѓе, има убава енергија, ги слушаме маките на граѓаните и се забележува сплотување насекаде во Македонија, ја оценува за „Република“ Владо Мисајловски, носителот во втората изборна единица на ВМРО-ДПМНЕ, досегашната кампања.
-Граѓаните најчесто се жалат на нефункционирање на целиот систем во државата.Ако зборуваме со пензионерите се жалат дека немаат средства за основните потреби, за лековите. Власта се фали дека ја зголемувале минималната плата и пензиите кога ќе ги прашате пензионерите или било кој дали ви се доволни тие велат инфлациите ни ги изеде парите.Тоа е најголемиот проблем. Ние како политичари треба да ветиме реални работи и да ги исполниме. СДСМ и ДУИ лажеа и ќе лажат. Затоа ние ветуваме дека пензионерите ветуваат 5.000 денари уште во првата година.
Најчестото прашање е ќе има ли доволно пари?
-Треба да се знае дека во Македонија околу 30-40 проценти има сива економија.Тоа е огромна бројка што ние мора да ја сведеме до минимум.Ако ова се направи ќе има пари во буџетот не само за пензии, туку и за капитални проекти.Лидери сме во регионот по криминал и корупција и на СДСМ и ДУИ ова им е природна средина.Сакаме тоа да го смениме и ќе има доволно пари и за пензии и за многу проекти.
Мисајловски вели дека е возможен економски раст од пет отсто.
Тој открива и колку пратеници очекува.
-Многу сме блиску до 61 пратеник. Зависи од излезноста и колку граѓани дополнително ќе се мотивираат на денот на изборите да излезат. Затоа ќе кажам дека многу сме блиску до 61 пратеник за ВМРО-ДПМНЕ да има стабилна влада, Христијан Мицкоски да биде нов премиер и да имаме сериозна влада со реформи и проекти и економски стандард што сите го заслужуваме-нагласува Мисајловски за „Република“.
Носителот на листа во втората изборна единица вели дека ВМРО-ДПМНЕ има коалициски потенцијал.
Целото интервју на Мисајловски прочитајте го на Република.