Социјалистичката партија на Македонија укажува на изјавите на лидерот на СДС Ковачевски дека тие се казнети од гласачите во првиот круг на изборите, се смислено признавање на вина, ама без каење.
Во продолжение целото соопштение од СПМ:
Ковачевски со истата лицемерна реторика продолжува да лаже дека само со разговор може да се поправат сите грешки што ги направиле, само да се гласа за нив. Свесни се за поразот што ги очекува, па ветуваат невозможни работи.
Заев и Ковачевски како најголемни предавници и манипулатори ги променија името и структурата на државата, ја осиромашија, искрадоа и ја подредија под ДУИ и под странски држави. Безмилосно ја корумпираа и вратија државата назад во развојот и во положбата што ја имаше.
Ковачевски се обраќа до гласачите, кои ги казнија, и ги замајува дека изборот е или со СДС во Европа, или со ВМРО во изолација. Вистинска изолација направија СДС и ДУИ со сите злодела и криминали кои ги создадоа.
Единствена сила и капацитет што може да ја води Македонија кон Европа и кон развој и просперитет е Коалицијата „Твоја Македонија“.
Затоа Социјалистичката партија на Македонија повикува на масовна излезност на 8 мај и гласање за кадрите на Коалицијата „Твоја Македонија“ за извесност, иднина и стабилност на државата и граѓаните.
Социјалистичката партија на Македонија