Ако некој овие 7 години ги загрози ЕУ интеграциите тоа се СДСМ и ДУИ, поради криминалот и корупцијата и нивната политичка матрица како само да го ограбуваат народот, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Тој го даде овој одговор на новинарско прашање, по денешната посета на црквата Св. Спас и положувањето цвеќе на гробот на Гоце Делчев по повод 121 година од смртта на великанот. Ваков одговор следеше на новинарското прашање во однос на тоа што Димитар Ковачевски вели дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги загрози европските интеграции.
– Па ако некој ги загрозува овие 6 и половина речиси 7 години сега на 1 јуни е токму коалицијата ДУИ и СДСМ, бидејќи главна цел изминатите 7 години не беше да презентираат вредности, да ги решаваат проблемите на граѓаните тие имаат за цел да прифаќаат понижувачки договори и да ставаат потпис на се за да можат подолго да останат во фотелјата и да можат да го ограбуваат народот и да можат да ја ограбуваат Македонија. Тоа беше нивната политичка матрица, така што тие се главните виновници зошто ние 7 години не се поместивме ниту милиметар од тоа што беше состојба пред пет години иако ветуваа ќе ве потсетам и живот и едно општество за сите донесоа живот за малкумина и општество за малкумина, нагласи Мицкоски.