Македонската женска ракометна репрезентација со триумф вечерва над САД од 32:15 го почна настап на Светското првенство за ракометарки до 20 години кое денеска стартуваше во Скопје.
Македонските ракометарки заминаа на полувреме со предност од 15:6, а во вториот дел им дозволија на противничките да постигнат само три голови и со убедлива победа да го отворат мундијалскиот турнир.
Следен противник на македонските јуниорки е Исланд, утревечер од 18 часот, а во последното коло ќе играат против Ангола.
Ракометната федерација на Македонија од вчера до 30 јуни е домаќин на 24 Светското јуниорско првество во женска конкуренција на кое учествуваат 32 репрезентации.
Фото: РСМ