Уште две здравствени установи добија нови директори.
На местото на досегашниот директор Христијан Костов на Градската општа болница 8-ми Септември, доаѓа доктор Синиша Стојаноски.
Стојаноски е Доцент на Институтот за Патолошка физиологија и Нуклеарна медицина, а во моментот е пратеник во Собранието.
Со институтот за јавно здравје ќе раководи Марија Андоновска. Андоновска по професија е дипломиран стоматолог.
Работи на Универзитетскиот стоматолошки клинички центар во Скопје и е асистент на Катедрата за болести за забите и ендодонтот.
Андоновска била пратеничка во македонскиот парламент, а во моментот е советник во Советот на Град Скопје.
Се очекува следната недела директорските промени да продолжат и во другите здравствени установи.