СДС се единствено одговорни за хаосот во ЈСП. Директорот на ЈСП е нивен партиски активист, тој гордо се слика во нивниот централен штаб, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, во врска со обвинувањата од СДСМ за хаосот во ЈСП:
Во продолжение целото соопштение од ВМРО-ДПМНЕ:
Данела Арсовска е коалиција на СДС. Тие водеа еден фронт против ВМРО-ДПМНЕ кој беше катастрофално поразен на изминативе избори.
Има уште една работа која ќе ги спојува СДС и Данела Арсовска во иднина. И СДС и партијата на Данела Арсовска за која никој не знае како се вика ќе немаат пратеници во Собранието, затоа што ги уништија и Скопје и Македонија.
И Скопје и Македонија ќе се кренат на нозе, ќе има раст и развој, без Арсовска и без СДС.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ