Најмалку шест лица вечерва се хоспитализирани со симптоми на труење од храна на Инфективното одделение во Општата болница во Гостивар, јави дописникот на МИА од Гостивар.

Според првичните информации, конзумирале храна од ланч бар на улица „Илинденска“.

Во моментот, Центарот за јавно здравје работи на утврдување на причините.