Во болница починал Чедо Радомировиќ, познат уште како Чедо Радо, дознава ТВ21. Како што ексклузивно веќе објавив телевизијата, тој со повреди беше пронајден кај селото Орман.
Околу 19 часот во село Орман во близина на маганиците на МВР до паркирано возило марка „Лексус“ бил пронајден познатиот бизнисмен со нанесена повредна во пределот на главата.
До него бил пронајден пиштол и чаура.
Радомировиќ давал знаци на живот и со возило на Брза помош бил префрлен на скопските клиники, каде подоцна им подлегнал на повредите.
На лице место се уште се врши увид од страна на екипи.