Денеска во одговор на новинарско прашање СДСМ направи превид во однос на кадровските решенија во МЕПСО, соопшти СДСМ која на прес конференција денеска објави дека во МЕПСО биле ангажирани синот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов и сопругата на водителот Богдан Илиевски.

Во продолжение целото соопштение:

Во морето на информации кои пристигнуваат до СДСМ за погрешната кадровска политика на ВМРО-ДПМНЕ, пристигната е и нецелосна информација која не беше целосно проверена, со што е направена ненамерна грешка со имињата за членови на Управниот одбор односно Надзорниот одбор на МЕПСО.

СДСМ како одговорна и принципиелна партија упатува јавно извинување до споменатите имиња кои не се дел од новите кадровски решенија во МЕПСО, но и до целата јавност.

Центар за комуникации на СДСМ