Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, по повод празникот Илинден помилува пет осудени лица, од кои две потполно, а три делумно се ослободуваат од натамошно извршување на казната затвор. Петмина осудени лица се помилувани во траење од два до четири месеци, коешто кај двајца од нив доведе до потполно ослободување од извршување на казната затвор.

Потполно се ослободуваат од извршување на неиздржаниот дел од казната затвор осудените лица Андреј Методија Мојсоски од село Селце и Миран Латиф Исмани од село Слатино. Делумно се ослободуваат Блаже Владимир Стојанов од Штип, Ванчо Делче Кржовски од Пехчево и Ненад Душко Магделиниќ од Штип во траење од по два месеци.

Ова е прва одлука за помилување на осудени лица од страна на претседателката Сиљановска Давкова.