Република Македонија за прв во својата историја од своето постоење како држава со формирање на новата Влада, во својот состав доби Министерство за Спорт, а негов прв министер официјално е некогашниот успешен спортист и ракометен голман Борко Ристовски.

Во својата богата кариера како играч настапуваше за ракометните клубови на Вардар, Металург, Рајн Некар Левен, Барселона и Бенфика.

Репрезентативец на Македонија со 155 настапи во националниот дрес и уште голем број на индивидуални и тимски награди и признанија. Сега во улога на прв човек кој ќе раководи со новиот ресор и пред кого е нов предизвик, но и голема обврска, одговорност и работа во периодот кој следи.

Ристовски во интервју за Курир кажува за развојот и инвестициите во македонскиот спорт, кога ќе добиеме нов Закон за спорт,  но кажува во каква состојба е истиот и што наследиле од претходна власт.

За Вас како министер кои ќе бидат примарните цели откако и официјално бевте назначени како прв човек на новото Министерство за Спорт?

– Формално за мене оваа е голема обврска, затоа што сакам да му вратам на спортот и на се она што мене спортот ми го даде како професионален играч. Подолго време се подготвував, се посветив по завршување на мојата професионална кариера како играч, затоа што бев извршен директор на РК Вардар и некако двете работи се слични во однос на менаџирањето на работите и обврските. Приоритетите на оваа министерство ќе бидат многу работи кои треба во исто време да се движат во правилна насока како што ја посакуваме и замислуваме. Ние како влада заедно со претседателот на истата господинот Христијан Мицкоски веднаш со самото формирање уште од првиот ден на министерство за спорт ја покажавме нашата сериозност за спортот и младите кои се иднината на оваа држава. Целта е искоренување на корупцијата од спортот, барање на начин на правилно распоредување на финансиската помош од страна на државата кон клубовите и федерациите, градење на нова спортска инфраструктура, будење буквално од “зимски сон”  на федерациите, затоа што ако верувате 90 проценти од нив буквално се “заспани”. Имаме отпор на стартот што за мене беше очекувано , но никој нема да не поколеба во нашата намера да работиме како што треба и да го раздвижиме работите во спортот во правец каде ќе имаме резултати и успех со што ќе бидеме пример за сите во едно општество, вели Ристовски.

Целото интервју за Курир може да го прочитате ТУКА.