Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со заменик-амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс и командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал мајор Грегори Најт.
Разговаравме за предизвиците на НАТО алијансата, нашата соработка и искористување на потенцијалите.
Мирот и стабилноста се важен сегмент за економскиот развој на државата.
Македонија активно придонесува во мисиите на НАТО Алијансата и е рамо до рамо со најголемите армии и сили кои го гарантираат мировниот процес, порача Мицкоски по средбата.