До кога СДС ќе го штити Пајазити и ќе прикрива дека од затвор им избегаа притворените за убиството кај Мавровка? Пајазит Пајазити е единствено виновен зошто Блерим Рамадани избега. Да досудеше Пајазити ефективен затворски притвор, сега Рамадани ќе беше во Шутка, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
-Пајазити треба веднаш да биде разрешен, единствено е судија заради заштита на СДС и ДУИ преку нивните инсталации во судството. СДС лаже и манипулира со денови, само овој извршител на ДУИ да остане судија. Од друга страна СДС расфрла пердуви да го прикрие скандалот со избеганите затвореници од Идризово и Шутка, кои се приведени за убиството кај Мавровка, а од затвор избегале во време на СДС. Да не беа избегани од затвор во време на СДС, убиството кај Мавровка немаше да се случи. Логично се поставува прашањето, дали СДС намерно дозволи и овие двајца затвореници да избегаат и со која цел? Институциите се девастирани од СДС и ДУИ, рече тој.
Петрушевски вели дека последиците од тоа се чувствуваат уште.
-За сето тоа одговорност ќе има, а институциите веќе се вратени на граѓаните, рече тој.