Во Европската унија во 2023 година имало 362.400 професионални пожарникари, што претставува 0,18 отсто од вкупниот број вработени во ЕУ, а во однос на 2022 година тој број е зголемен за 3.200, објави Евростат.

Канцеларијата на ЕУ задолжена за статистика наведува дека меѓу 21 земја на Европската унија со достапни податоци, најголем удел на пожарникари во вкупниот број вработени е регистриран во Хрватска (0,49 отсто), а потоа следат Естонија и Грција (со по 0,39 отсто).

Најмал удел е забележан во Холандија (0,05 отсто), потоа Финска, Словенија и Шведска (0,13 отсто)