Обвинителите и судиите на Али Ахмети направија се за да го предадат поранешниот војник на ОВК Блерим Рамадани на Ивица Дачиќ во Србија! Вака првиот вицепремиер Изет Меџити одговори на обвинувањата на ДУИ.
„Тоа што е суштиснки, она што е важно е дека се водат по принципот ноќе те убиваат дење те плачат. Обвинителите и судиите на Али Ахмети постојано работеле на тоа војникот на ОВК, во овој случај Блерим Рамадани да му се предаде на Дачиќ во Србија со цел овие овде да имаат причина за протести и дестабилизација на ситуацијата. На нив не им е гајле за војникот на ОВК туку нив ги интересира каузата да ја дестабилизираат ситуацијата и да се спасат самите од процесите што ги чекаат поради големата корупција што ја направија минатите години. Уште еднаш потенцирам дека обвинителите и судиите на Али Ахмети постојано работеле против војникот на ОВК. Не може да се третира поинаку кога знаеме дека Врховниот суд има 4-5 судии блиски на ДУИ и истите за други случаи донеле одлука дека нема основа и треба да се пуштаат додека сега Врховниот суд го враќа случајот на повторно разгледување каде повеќето судии таму се Албанци и блиски до ДУИ„, рече Изјава Изет Меџити Прв вицепремиер на Владата на Р.М.