ГЕРМАНСКИ МЕДИУМИ: Напаѓачот со нож во Германија извикувал „Алах акбар“ додека ги убивал луѓето на фестивал

/ 24.08.2024

Ова е објавено од таблоидот Велт ам Зонтаг, а пренесено од Билд. Исламистите често ја користат оваа фраза за време на нивните терористички напади. Според споменатиот таблоид, сведок потврдил дека напаѓачот тоа го извикал, а таблоидот се повикува на внатрешен полициски извештај.

Една од повредените жртви, исто така, наводно изјавила дека го познава напаѓачот од Солинген и дека тој бил посетител на локалната џамија.

Инспекторите овој напад, во кој загинаа три лица, а осум се повредени, го окарактеризираа како терористички чин, пишува германскиот таблоид, иако полицијата се уште официјално ништо не потврдила. Друг мотив засега не е видлив, изјави главниот државен обвинител Маркус Касперс на прес-конференцијата одржана попладнево. Тој само рече дека не ја исклучуваат можноста за тероризам.

Засега е уапсен само 15-годишник, кој, сепак, не е напаѓачот. Тој беше обвинет дека не го пријавил планираното злосторство. Причина за апсењето е информацијата што ја добиле две жени сведоци, според кои наводниот напаѓач непосредно пред нападот на младиот човек му рекол: „Денес ќе ги избодам сите“.

Според извештајот на германски Шпигел, 15-годишникот е од Киргистан. Тој наводно бил уапсен во азил за бегалци и одбивал да даде изјава.

На видеото од нападот, кое го поседуваат истражителите, наводно не може јасно да се идентификува напаѓачот. Освен тоа, сведоците ѝ дале на полицијата различни описи на напаѓачот, изјави полицискиот портпарол Марсел Фибиг. Сега тие описи се споредуваат за да се добие конкретен опис на сторителот.


Од истата категорија