Министерот за надворешни работи на Грција во сенка од опозициската грчка партија Нова Демократија Јоргос Кумуцакос во денешното интервју за грчката агенција АНА вели дека добро решение за името подоцна е подобро отколку лошо решение сега. Тој тврди дека владата во Атина е збунета и изрази надеж дека Грција немала да заглави во уште потешка ситуација.

Дополнително, Кумуцокос вели дека условите за решавање на спорот сега биле подобри отколку во 2008 година кога Нова Демократија беше на власт.

И опозицијата во Македонија на синоќешниот антивладин протест пред зградата на Владата го критикуваше македонскиот премиер Зоран Заев за водењето на преговорите. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволат промена на Уставот со цел промена на уставното име.

– Излегуваше Зоран Заев и кажуваше дека нема да има промена на Уставот, дека ќе го заштителе идентитетот, дека имал некоја жица од гитарата Македонија се викала. Како поминува времето гледам дека не само ќе ја искине жицата, туку и гитарата сака да ја испогани и искрши на парчиња, рече Мицкоски.