Антоанета призна дека со службена картичка платила 1200 евра за трособен стан во Виена за 4 ноќи, иако во околината има хотелско сместување 3 пати поевтино, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Бисера Антоанета без грам срам вели дека изнајмила трособен стан, и дека тоа не било скапо.

Еве Антоанета во продолжение на оваа реакција ти праќаме извадок од Booking, од кој се гледа дека во луксузен хотел како што е Hampton by Hilton си можела да платиш три пати поевтино, но и да имаш доручек вклучен во ноќевањето.

И за крај, уште не одговори Бисера Антоанета зошто изнајмила трособен стан, наместо хотелска соба? Која е потребата Антоанета?, прашува партијата.

Реакцијата доаѓа откако екс министерката се огласи велејќи:

ВМРО-ДПМНЕ и на верски празник продолжува со фабрикувани лаги и невистина за мене. Сакам граѓаните да знаат дека за службеното патување е избрано многу поефтино сместување од хотел или луксузни бизнис карти како оние на Мицкоски и неговите министри од 20.000 евра, реагираше екс министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска.

„Дефокусот за нивното досегашно трошење и аздисување на Гаши и неговите сватови, како и немањето изговор зошто во буџетот најдоја пари за општините на своите градоначалници, но не и за наставниците и покачувањето на минималната плата, ДПМНЕ со вакви напади кон мене на драматични пресови ја дефокусираат јавноста.

Тие сакаат постојано да се занимаваме со нивните лаги. Ако има нешто незаконско нека ме тужат, но бидејќи нема се служат за конструкции.

Службеното патување има причина и цел, која може да се види и на линкот, отворање на Мултикултурна изложба претставена од уметнички дела на повеќе од педесет македонски уметници“, додаде таа во реакцијата на пресот на Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.