Средба со шефот на Бирото за Националната Гарда на САД, генерал потполковник Џонатан Стабс. На средбата на која присуствуваа и началникот на Генераштабот на Армијата, генерал мајор Сашко Лафчиски и командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт, уште еднаш го афирмиравме тридецениското партнерство помеѓу Армијата и Националната гарда на Вермонт. Разговаравме и за продлабочување на партнерството и соработката во насока на модернизација на македонската Армија и обука на припадниците на Армијата, објави на својот Фејсбук профил министерот за одбрана, Владо Мисајловски.