Претседателот на ДПА, Мендух Тачи вчера и официјално го напушти Европскиот фронт, јавува порталот Тетова сот.

Од партијата на Тачи за ТВ Телма потврдиле дека лидерот на ДПА како единствен пратеник ја напушта коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ.

-Претседателот на ДПА ќе има комуникација само со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, истакнуваат изворите на ТВ Телма и најавија дека Мендух Тачи многу скоро ќе објави зошто го напушта Европскиот фронт.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вчера уверуваше дека Мендух Тачи е усогласен со коалицијата Европски фронт.

– Господинот Тачи е на линија со Европскиот фронт, нема дилема, но сега за да се надополнат загубите и неуспесите, владиниот дел се држи за небитни работи, истакна Ахмети.

Тачи беше кандидат за пратеник на изборната листа број 6 каде што го освои пратеничкиот мандат. ДПА имаше уште еден пратеник, но по прегласувањето во 6-ката, Европскиот фронт оатана без тоа место. По заминувањето на Тачи, Европскиот фронт останува со 17 пратеници.

Извор: ТВ Телма