Нема повредени во пожарот што синоќа околу полноќ избувнал во куќа на улицата „Мара Угринова“ во Гостивар.
Во пожарот изгореле покривите на два објекта и внатрешноста на катот од едниот. Брзата интервенција на пожарникарите, спречила трагедија и потешки последици, со оглед дека во едниот објект спиеле домаќините, а опожарените објекти се наоѓаат во густо населено населба.
Огнот, најверојатно се појавил на покривот во куќата сопственост на А.Д. (68) и брзо околу полноќ и се проширил на околните објекти.
Во тек е увид, по што ќе бидат познат причините за пожарот и штетата штоп настанала.