Околу 9:30 часот вчера се случила сообраќајна незгода на патот Битола – Прилеп, пред влез во Битола, помеѓу патничко моторно возило „Фиат пунто” со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.Р. (28) од село Сопотница, Демир Хисар со сопатник Е.К. (21), исто така од село Сопотница и товарно моторно возило „Фиат Дукато“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.К.(44) од село Ерековци, прилепско и сопатник Н.Ц.(19) од истото село.

Во незгодата Б.Р. се здобил со тешки телесни повреди, а другите три лица се здобиле со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен е увид на местото на настанот.

На 10.12.2018 година околу 16:00 часот од слобода е лишен А.Р.(20) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело убиство на неговата баба Г.Н.(66), извршено во домот на А.Р. на улица „Антон Димитров“ во Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот од страна на увидна екипа на СВР Скопје и Јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 10.12.2018 година во 08:55 часот на магистралниот пат Делчево –Кочани во атар на село Драмче, делчевско се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило “Mерцедес“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(34) од село Јакимово, виничко, и патничко моторно возило „Oпел омега“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(44) од Кочани.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Р.Ј. кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.

На 10.12.2018 година во 21:30 часот во Полициска станица Штип бил пријавен пожар, кој настанал околу 19:20 часот во просторија во зграда (стар диспанзер) на улица „Партизанска“ во Штип.

Пожарот бил целосно локализиран од екипа на Противпожарна единица Штип. Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.

На 10.12.2018 година во 07:15 часот било пријавено дека на улица “Методија Андонов – Ченто“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Рено 19“ со скопски регистерски ознаки управувано од Љ.Т.(56) од село Раштак, скопско и патничко моторно возило “Опел вектра“ со скопски регистерски ознаки, управувано од М.К.(37) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото “Рено 19“ Н.Р.(45) од Скопје, а со телесни повреди се здобил Љ.Т,. констатирани од страна на лекар од Комплекс клиники “Мајка Тереза“. Исто така М.К. се здобил со телесни повреди констатирани од страна на лекар од Градската општа болница “Свети Наум Охридски“. Извршен е увид на местото на настанот.