Преговарачката рамка одобрена од Европската унија е јасна и мора да се спроведе за да го продолжиме нашето патувањекон Брисел, му порачал претседателот на ДУИ, Али Ахмети на новиот амбасадор на Бугарија, Жељазко Радуков, на средба во седиштето на опозициската партија.
Од ДУИ соопштија дека Ахмети му го честитал враќањето во Македонија на амбасадорот Радуков и го уверил дека блиската соработка во поглед на европската иднина и добрососедството ќе продолжи уште повеќе.
– Бугарската заедница во Македонија е реалност и треба да биде вклучена во Уставот, а од ова никој ништо не губи, напротив, сите добиваат. Приоритет на ДУИ е токму продолжување на европскиот пат, затоа уставните измени мора веднаш да се случат, бидејќи граѓаните очекуваат да станеме дел од ЕУ, порачал Ахмети.
Тој повторил дека Охридскиот договор, Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија се одредби на ДУИ и ќе се ангажира за нивна поддршка и имплементација.
-Ахмети и Рудаков разговараа и за политичката состојба во земјата, при што Ахмети зборуваше за тенденцијата на власта со моноетнички легитимитет и на надгласувачкиот Уставен суд целосно да го прекрши Охридскиот договор, неговиот дух и социјалната кохезија, кај нас со наметнување етничка надмоќ. Ова е неприфатливо. „Чесните“ и претпочитани Албанци избрани од ВМРО-ДПМНЕ се откажаа од Европа, но и од еднаквоста, омаловажувајќи ги и понижувајќи ги Албанците за нивните лични корумпирани мотиви, соопшти ДУИ.