За мене е исклучително важно ова што го соопшти претходниот говорник дека после би рекол неколку неделни преговори и анализи, но и врз основа на она што го имаме како информација како се полни буџетот и што и како проектираме за годините кои што следат, сакавме да постигнеме договор којшто ќе биде долгорочен да не треба сега секоја година или секој месец повторно и повторно во јавноста се препелкаме па да има кризи, па да има закани ќе правиме штрајкови нема да правиме штрајкови и слично. Затоа беше многу важно ова што го постигнавме како договор, јас сум исклучително задоволен; заедно и со Министерството за образование и со Министерството за финансии, јас лично вклучен бев во овие преговори, разговори со Синдикатот на образованието, науката и културата. Така да што мислам дека се постигна договор којшто е историски во насока на подобрување на финансиската состојба на самите наставници и професори во основното и средното образование, истакна на денешната прес конференција премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски.