Свежи утра и сончеви денови од понеделник до петок, најави Управата за хидрометеоролошки работи во Македонија во текот на иднава работна недела.
Според прогнозата на УХМР не очекува „есенско лето“, период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината.
Наутро, според УХМР, ќе биде посвежо, а од средината на работната недела и со услови за појава на утринска магла во некои делови од земјата.
Минималните температури од 1 до 5 степени, а највисока дневна температура до 28 степени.