Претседателката Гордана Силјановска Давкова го помилуваше поранешниот градоначалник на општина Битола Владимир Талески. Тој беше во затвор по пресуда за случајот „Транспортер“ и требаше да одлежи уште една година.

Во 2022 година Апелациониот суд донесе правосилна пресуда за случајот во кој Талески беше осуден на седум години затвор за Злоупотреба на службената положба и овластувања во организирањето на бесплатниот школски превоз, но бидејќи во куќен притвор помина три години, за одлежување во затвор му останаа уште четири.

Талевски е помилуван така што му е намалена казната за една година, а во овој момент не е познато дали има уште од казната за да одлежи и ако има зошто не е целосно помилуван, со оглед на тоа што тој беше една од првите жртви на политичќките процеси што ги водеше СЈО, а во прв степен ги судеше Добрила Кацарска.

Во овој случај имаше и конфискација на нелегално стекнати пари, во износ од над пола милион евра.

Неговиот некогашен соработник од Општина Битола, секретарот Слободан Бончановски, за истото кривично дело беше осуден на 5 години и шест месеци затвор.

Меѓу помилуваните е и братот на Шенки Версаче, кој Шенол Бавлчар Маслани кој доби помилување во траење од шест месеци.

На листата „звучни“ се и имињата Акиф Рaвманоски, кој е член на наркокланот „Барон“, и Марјан Ефремов – првоосомничен во аферата „Шпион“. Во истрагата за случајот „Шпион“, полицијата утврди дека тој бил вработен во Агенцијата за разунавање, но во 2009 година откако добил отказ формирал злосторничка група во која влегле поранешни или тогаш сè уште активни вработени во УБК, Јавна безбедност, Агенцијата за разузнавање, Воената полиција, Државниот архив и сопственици на медиуми… При претресот во неговиот дом биле пронајдени поголеми количини оружје, експолозив и најобемна документација со класифицирани информации од случајот „Шпион“.

Членови на комисијата за помилување кај претседателката Силјановска-Давкова се:  д-р Методија Каневчев (претседател), проф. д-р Гордан Калајџиев, проф. д-р Арлинда Кадри- Шахиновиќ, д-р Зора Митиќ, м-р Ана Ѓорѓиева-Ивановска и Ајтен Шаќири.