Денеска изутрина времето во Македонија ќе биде студено со појава на магла по одделни котлини, а преку денот сончево со слаб ветер претежно од северен правец.

Во Скопје утрото студено со појава на магла, преку денот сончево и претежно тивко.

Утринските температури ќе се движат од минус 2 до 7 степени, а дневните од 17 до 24 степени, во Скопје до 23 степени.

И во следните денови ќе продолжи периодот на стабилно и претежно тивко време со студени утра и утрински температури кои наместа ќе се спуштаат под нулата. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност.

Дневната температура ќе биде без значителни промени.