Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека вооружените сили на Украина изгубиле стабилна контрола над своите единици во рускиот Курски регион.
-Вооружените сили на Украина се обидуваат да го деблокираат опколувањето на нивните единици во Курскиот регион, но тие веќе изгубија стабилна контрола над нив, рече Путин во интервју за каналот „Русија-1“.
Рускиот претседател претходно соопшти дека во Курскиот регион се опколени околу 2.000 украински војници, пренесоа руските медиуми.
-Во моментов тие се обидуваат да ги одблокираат, тие дури и не сфаќаат дека се опколени бидејќи, судејќи според информациите што ги имаме, стабилната команда и контрола се изгубени, рече Путин.
Украинската армија на 6 август изврши ненадеен напад врз Русија во Курскиот регион, при што презеде контрола врз голем дел од регионот.
фото: МИА архива