Агенцијата за храна и ветеринарство донела решенија со кои се забранува увоз и транзит на живи животни и прехранбени производи од живина од неколку земји меѓу кои и соседна Бугарија.
Решенијата се донесени на 21 октомври, а биле објавени во Службениот весник денеска.
Две решенија се однесуваат на забрана за увоз и транзит на живи животни, месо и мелено пилешко месо кое потекнува од Бугарија и одредени региони од Унгарија со цел заштита од птичји грип.
Другите две решенија се однесуваат на забрана за увоз на живина, месо и мелено месо од дивеч од бразилската држава Рио Гранде ду Сул и од Полска поради заштита од можноста за внесување на њукастелска болест.
Според статистичките податоци пилешкото месо во земјава најчесто се увезува од земјите од Балканот, но и од САД, Бразил, Полска и Унгарија. Македонските фарми произведуваат само 5 проценти од потребите, или околу 500 тони пилешко месо..