Времето денеска во Македонија ведро и студено наутро со услови за појава на магла по одделни котлини, а преку денот сончево со мала локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени.

Во Скопје утрото студено, преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Во наредните денови, како што соопштија од УХМР, продолжува периодот на стабилно време со студени утра и со услови за појава на утринска магла или ниска облачност по одделни котлини. Дневната температура ќе биде без значителни промени.

Фото: МИА архива