Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за 4 до 6 степени.

Како што соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8 степени, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со значително пониска температура. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Во текот на следната работна седмица, од УХМР прогнозираат дека утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула степени, а дневните само понекаде ќе достигнуваат 20 степени.

Во Гевгелија утрово со измерени 14 степени Целзиусови е најтопло, а во Берово со минус два е најстудено.

Во Лазарополе нула степени, 1 на Попова Шапка, 2 степени во Крива Паланка, Тетово, Битола и  Маврови Анови, 4 во Прилеп, Штип, Струмица и Крушево, 5 Охрид и Претор, 6 Куманово, 7 степени во Виница, 8 во Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија и Кавадарци, 9 степени во Скопје-Петровец и 10 во Велес.

Утрово во најголем дел од земјава времето е сончево со мала облачност, само во северните делови е облачно.