Портпаролката на Владата, Марија Митева која беше гостинка во „Дејли Клик“ на ТВ 21, меѓу другото, зборуваше за барањето на ДУИ за предвремени парламентарни избори во 2025 година, заедно со локалните.

– ДУИ да се навикне на опозиција, и да почнат реформи кои со кои треба да си ја реформираат партијата. Цениме дека понесувањето на одговорност на погрешни политики е вистинска реформа за една политичка партија, но она што нас не интересира е да обезбедиме што подобар стандард за граѓаните. Барањето за предвремени парламентарни избори после само 100 дена од новата Влада е апсолутно несоодветно, рече Митева.