Победникот на американските претседателски избори, Доналд Трамп, освои 301 електорски глас , наспроти 226 на кандидатката на Демократската партија, Камала Харис, покажуваат најновите проекции на медиумската компанија Еј-Би-Си Њуз (ABC News)).

Трамп ги освои Ајдахо, Јута, Монтана, Вајоминг, Северна и Јужна Дакота, Небраска, Канзас, Оклахома, Тексас, Мичиген, Висконсин, Ајова, Мисури, Арканзас, Луизијана, Мичиген, Индијана, Кентаки, Тенеси, Мисисипи, Алабама, Флорида, Џорџија , Јужна Дакота, Северна Каролина, Охајо, Западна Вирџинија, Алјаска и Пенсилванија.

Еј-Би-Си предвидува дека Трамп ќе победи и во Невада, која ја загуби и на изборите во 2016 и во 2020 година.

Харис победи во округот Колумбија, Мериленд, Делавер, Њу Џерси, Конектикат, Род Ајленд, Масачусетс, Њу Хемпшир, Вермонт, Њујорк, Мејн, Вирџинија, Илиноис, Минесота, Колорадо, Ново Мексико, Вашингтон, Орегон, Калифорнија и Хаваи.

Трамп води и во освоени гласови, досега има добиено 73,3 милиони гласови, а Харис 69 милиони гласови.

фото:МИА архива