КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска ги славиме Св. бесребреници Козма и Дамјан на кои Бог им дал моќ да лечат и чудотворат

/ 14.11.2024

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 1 ноември. Денеска е Св. бесребреници Козма и Дамјан.

Во Црквата, бесребреници се нарекуваат оние светители, на кои Бог им дал голем дар да чудотворат, т.е. да лечат од секакви болести. Тоа го правеле пред сé со силата на Светиот Дух, иако имале и медицинско образование.

Свети Козма и Дамјан се многу познати во народот. Многу цркви им се посветени во Македонија, па и некои лекарски друштва го носат нивното име. Биле родум од Мала Азија.

Мајка им била христијанка и ги воспитала во Христовиот дух. Се упокоија во местото Фереман, а погребани се еден до друг. И по нивното напуштање на овој живот, тие продолжија да ги исцелуваат оние кои ги повикуваат во молитвите.

КАТОЛИЧКИ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Никола Тавелиќ.

Роден е во 1350 година во Шибеник. Како момче заминал во манастир. Кога станал свештеник, заминал во Босна да проповеда против кривоверците, Богомили и големото мнозинство на христијани кои ги вратил во вистинската вера. Потоа заминал во светата земја, во Ерусалим да ја проповеда христијанската вера меѓу муслиманите кои владееле во градот.

Муслиманите го фатиле и го запалиле. За светец, маченик е прогласен во 1970 година. Му се молат верниците за истрајност во верата.


Од истата категорија