Многу важно за нас е состанокот в недела за унгарскиот заем да заврши успешно, за да почнеме со користење на парите од Унгарскиот заем, изјави премиерот Христијан Мицкоски пред Годишната конференција на граѓански организации за соработка помеѓу Владата и граѓанското општество, национален форум на Цивика Мобилитас кој се оддржува во Холидеј ин.

-Имаме бран на средства за општините, проекти запоставени од минатата влада, потенцира премиерот и соопшти дека се работи за сума од 27 до 30 милијарди денари.

Прв предизвик за Македонија е енергетската стабилност, открива премиерот, а втор е кризата со автоиндустријата која се генерира во Германија.

-За првиот предизвик, од особена важност е постигнатиот договор меѓу ЕЛЕМ и СОКАР кој ќе овозможи евтино и стабилно снабдување со гас, што е важно за нас и за загревање на Скопје, цени премиерот. Според него, многу е битно и тоа што РЕк Битола функционира одлично, со капацитет кој порано беше незамислив.

-Граѓаните не треба да се грижат, им порача премеирот Мицкоски. Тој упати и смирувачка порака околу можните турбуленции кои нашата економија може да ги почусвтвува поради кризата што ја зафаќа германската автоиндустрија.