Катастрофално лоша е состојбата во Скопје. Нема градски превоз, смет и нечисти улици на сите страни, ниту основните услуги граѓаните не можат да ги добијат. Реално Скопје се наоѓа во голема криза.

Ова се истакнува во соопштението од СДСМ, чиј градоначалник беше Петре Шилегов во претходниот мандат. Го објавуваме соопштението во целост:

Скопјани се жртва на политички игри и меѓусебните инаетења на ДПМНЕ и Арсовска.

Нема ни М од модерно Скопје кое го ветуваа и со кое бараа доверба од граѓаните, нема ништо од нивните ветувања пред изборите. На Скопје му ја приредија најголемата катастрофа после земјотресот.

Наместо да водат политичка војна врз грбот на граѓаните треба да преземат одговорност.

Не може министрите во Владата на Мицкоски да се возат во скапи службени коли а граѓаните да се оставени да одат пешки. Не може власта да го игнорира главниот град.

Советничката група на СДСМ и коалицијата иницираше и поднесе Барање за вонредна седница. На седницата ќе предложиме конкретни мерки кои очекуваме заеднички да ги поддржат сите советници и конечно да им се излезе во пресрет на граѓаните на Скопје.

Потребно е обединување заради интересите на скопјани.

Доколку и овој обид за заедничка акција биде опструиран, ќе го преиспитаме нашето учество во Советот.

Центар за комуникации со јавност на СДСМ