Вицепремиерот и еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити денеска се обрати на свечена седница по повод 22-ри ноември – Денот на албанската азбука, објави ТВ 21.

Тој вели дека Уставниот суд за жал, денеска се претворил во змеј и сите фрлаат со оган, гнев и стрели кон оваа институција, на која треба да се гледа со почит како гарант за правата на граѓаните.

-Оваа година манифестацијата нè дочека во жестока дебата околу службената употреба на албанскиот јазик. Ова е за дефокусирање на јавниот интерес и произведување вештачка криза таму каде што нема. Оваа дебата предизвикува непотребни тензии во регионот. Сум повторил и ќе кажам повторно – ниту едно право не може да се укине. Ако сакаме луѓето да ги третираме рамноправни во мултиетничко општество, тогаш наша задача е да им обезбедиме вршење на слобода и права, вели Меџити.

Извор: ТВ 21