Викторија Аврамовска Мадиќ не може да биде ново лице на СДС, таа е специјалист за матни тендери. Аврамовска Мадиќ, која неврохирургот на Заев, Филипче ја постави во ЦО, специјализираше на набавката на противпожарна скала од 1.7 милиони евра во време кога беше секретар во Град Скопје, обвинува Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Тендерот за противпожарна скала го доби фирмата на зетот на Аврамовска Мадиќ, а Град Скопје од буџетот тоа го чинеше 1.7 милиони евра, односно 900.000 евра повеќе отколку во Загреб, каде тамошната градска управа набавила исто таква скала. И не е само скалата од 1.7 милиони евра. Фирмата на зетот на Аврамовска Мадиќ во време на СДС доби тендери од над 4 милиони евра и тоа најмногу од Министерството за одбрана, МЕПСО, АД ГА МА, Дирекцијата за заштита и спасување, Град Скопје и многу други институции, вели тој.

Лефков посочи дека во време додека Аврамовска Мадиќ била државен функционер, фирмата на нејзиниот зет нижела тендер по тендер.

-Аврамовска Мадиќ никако не може да биде ново лице во СДС и во политиката, туку само потрчко на Заев и неговиот неврохирург Филипче, рече пратеникот.