Премиерлигашот Манчестер Јунајтед прави сé што е можно за да го убеди голманот Дејвид Де Геа да го продолжи договорот, објави „The Sun“.
Според изворот МЈ е подготвен да го направи 28-годишниот Шпанец најплатен голман на светот. На Де Геа му е понуден договор со плата од 445 илјади евра неделно или 21 милион евра годишно.
Сегашниот договор на чуварот на мрежата на Јунајетд истекува на крајот на летото 2019 година.