Еден месец по почетокот на нивното движење, „жолтите елеци“ се подготвуваат за петта сабота по ред да излезат на протести и покрај отстапките ветени од францускиот претседател Емануел Макрон кој вчера повика на смирување на состојбата.
Во Париз протестот е закажан за 14 часот. Властите стравуваат од нова ризична сабота откако во минатата беа приведени рекорден број луѓе – повеќе од 2.000, додека 320 се повредени.
Во повеќе други градови се регистрирани судири и материјална штета.
Властите во Париз најавија дека на улиците во главниот град ќе бидат распоредени 8.000 припадници на силите на редот и 14 оклопни возила.
Влезовите во Елисејската палата и националното собрание дополнително се заштитени, а голем број продавнции особено на луксузните компании ќе бидат затворени.
Макрон вечра рече дека на Франција и треба мир и ред и враќање во нормалното функционирање пред новиот ден на мобилизација на „жолтите елеци“.